Поради интензивни врнежи од снег, од 9:40 часот утрово е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Стража – Кичево во двата правца, информираат од АМСМ и ЈП „Македонијапат“.
Ова е трета забрана утрово поради влошените временски услови:
- Од 05:45 часот: Забранет е сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.
- Од 09:20 часот: Забранет е сообраќај за камиони и автобуси на патниот правец крак Шипковица – Попова Шапка.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а на повисоките места во западните и југозападните делови има остатоци од кашест снег.

