Гостиварската полиција синоќа во рација во угостителски објект приведе четири лица, меѓу кои и една малолетничка, откако кај нив пронајде кокаин и оружје.

Врз основа на судска наредба и претходни оперативни сознанија, во периодот од 19:30 до 22:45 часот, полициски службеници извршиле претрес во угостителски објект во селото Чегране, сопственост на 51-годишниот Ш.Ш.

При претресот, кај 23-годишниот М.Х. биле пронајдени шест паковки со кокаин. Полицијата детално го пребарала објектот, при што во помошна просторија пронашла гасен пиштол, а во фиока од комода била откриена прашкаста материја и пари за кои постои сомневање дека потекнуваат од нелегални активности.

Полицијата ги лишила од слобода сопственикот Ш.Ш. (51), М.Х. (23), Ф.Ш. (53) – сите од Чегране, како и 17-годишна малолетничка од село Волковија. Сите се сомничат за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги“.

Exit mobile version