Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Завршен собир на Студентската листа во Белград: Под мотото „Победата повикува“ одржан завршен митинг на Славија
    • Разорен ракетен напад врз Киев и 12 региони: Две лица загинаа, десетици повредени во ноќните напади
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Словенечката компанија ИНЕА разгледува инвестиција од 15 милиони евра во ТИР зоните

    Словенечката компанија ИНЕА разгледува инвестиција од 15 милиони евра во ТИР зоните

    29.07.2026 во 17:402 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Директорот Гоце Димовски денес оствари средба со ИНЕА, словенечка инженерска и технолошка компанија со седиште во Љубљана. На средбата беа разгледани можностите кои ги нудат ТИР зоните, како и активностите и плановите на компанијата за нова потенцијална инвестиција вредна минимум 15 милиони евра, со отворање на најмалку 100 нови работни места.

    Директорот Димовски ги претстави поволностите за странските инвеститори што ги нуди Дирекцијата за ТИРЗ во соработка со Владата, истакнувајќи ја стратешката локација на државата, современата инфраструктура, квалификуваната работна сила и пакетот на државни мерки за поддршка на инвестициите. Тој нагласи дека Дирекцијата за ТИРЗ е стабилен партнер на сите инвеститори во текот на целиот инвестициски процес, обезбедувајќи континуирана институционална поддршка од првичните разговори до реализацијата и понатамошниот развој на инвестицијата.

    Од страна на Алесандро Лупис, генерален директор на компанијата, беше изразено задоволство за остварената средба, со очекување за продолжување на комуникацијата и понатамошно разгледување на можностите за реализација на потенцијална инвестиција во рамки на ТИР зоните. Тој ги претстави тековните проекти и активности, како и долгогодишното искуство на компанијата во развојот и имплементацијата на современи инженерски решенија за индустрискиот сектор.

    ИНЕА е компанија специјализирана за индустриска автоматизација, дигитализација на производствените процеси, роботика и енергетски менаџмент, која со своите решенија им помага на компаниите да ја зголемат ефикасноста, продуктивноста и конкурентноста. Компанијата има реализирано бројни проекти на меѓународно ниво и претставува пример за високотехнолошки развој и иновации. Со повеќе од 35 години искуство и над 3.000 реализирани проекти во повеќе од 30 земји, ИНЕА е препознаена како партнер за развој и имплементација на современи решенија во индустриската автоматизација, дигитализацијата и управувањето со енергија. Компанијата соработува со водечки глобални технолошки компании, меѓу кои AVEVA, Siemens, Rockwell Automation и Dassault Systèmes, придонесувајќи кон унапредување на производствените процеси и воведување на иновативни технологии.

    Прочитај повеќе

    Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани

    22.10.2026 во 22:34

    Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков

    22.10.2026 во 22:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.