Close Menu
Press24
    Најново

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“
    • Инстаграм профилот на агенцијата Бета под хакерски напад
    • По децении запуштеност, ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
    • Бугарија нема да учествува во новиот финансиски пакет: Радев ја одби европската иницијатива за нов заем од 70 милијарди евра за Украина
    • Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула
    • Американски „Quartz“ ја објави листата за 2026 година: Сараево е најдобра дестинација на Балканот
    • Герасимовски: Барутана нема да оди на гласање без дополнителни анализи за безбедноста
    • Трамп демантира ескалација: САД нема да го нападнат Иран пред изборите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Скопје и Белград утре го потпишуваат договорот за гасовод

    Скопје и Белград утре го потпишуваат договорот за гасовод

    26.08.2026 во 22:012 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонија и Србија утре ќе го потпишат договорот за реализација на интерконекторскиот гасовод меѓу двете земји, со што треба официјално да почне проектот за ново гасно поврзување кон север. На настанот ќе присуствува и премиерот Христијан Мицкоски, соопшти Владата.

    Проектот е дел од поширокиот план Македонија да стане транзитна точка за природен гас од југ кон Србија и Централна Европа. Според најавите на Мицкоски, земјава до почетокот на 2028 година треба да биде поврзана со терминалот за течен природен гас во грчки Александруполис.

    Македонија веќе работи на интерконекторот со Грција, преку кој домашниот гасоводен систем треба да добие пристап до ЛНГ-терминалот во Александруполис. Потоа, преку новата врска со Србија, гасот би можел да продолжи кон Централна Европа, вклучително и кон Унгарија и Австрија.

    Мицкоски неодамна изјави дека Македонија има резервирано четири капацитети на терминалот во Александруполис и дека северниот интерконектор е неопходен за земјата да стане дел од поширок регионален коридор за снабдување со гас.

    Планираниот капацитет на гасоводот кон Србија е меѓу три и шест милијарди кубни метри природен гас годишно. Според премиерот, преку оваа инфраструктура би можел да се транспортира и американски течен природен гас од Александруполис кон Србија и понатаму кон земјите од Централна Европа.

    Проектот има и пошироко енергетско и геополитичко значење, бидејќи отвора дополнителна рута за снабдување на регионот со гас кој не доаѓа од Русија. Македонија северниот интерконектор со Србија ќе го развива со сопствени буџетски средства.

    Со изградбата на врските со Грција и Србија, Македонија треба од земја која главно е краен корисник на гас да стане дел од транзитен коридор кој ќе го поврзува Егејското Море со пазарите во Централна Европа.

    Прочитај повеќе

    Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“

    20.10.2026 во 23:46

    Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула

    20.10.2026 во 22:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.