Скопјанка и нејзината ќерка добивале заканувачки пораки на фејсбук

 

Скопјанка пријавила во полиција дека не нејзиниот и фејсбук профилот на нејзината ќерка им пристигнале заканивачки пораки.

„На 07.07.2020 во 16.20 часот во Полициската станица Карпош, В.П.(57) од Скопје пријавила дека на 06.07.2020, додека била во нејзиниот дом на ул.„Козле“ во Скопје, на нејзиниот мобилен телефон и телефонот на нејзината ќерка Е.П. пристигнале заканувачки пораки од профили на фејсбук на Г.С. и С.И., со закани по животот на пријавителката и нејзиното семејство“ стои во соопштение од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.07.2020 - 17:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега