Скопјанецот кој вчера влета на плоштад меѓу луѓе претходно возел 234km/h, а бил и апсен за оружје
Арачиновецот Б.А. е возачот на автомобилот марка „бентли“ кој вчера со поголема брзина се движеше низ скопскиот плоштад, притоа загрозувајќи ја безбедноста на граѓаните, а снимка од оваа сцена беше споделувана и на социјалните мрежи.
Б.А. беше пронајден и казнет, а ќе треба да плати 45 евра парична казна, поради што се крена бура и во јавноста. Потврда за ова стигна и од скопскиот градоначалник Петре Шилегов, кој на социјалните мрежи објави фотографија од записникот кој му е врачен на сторителот.
На истата може да се забележи дека Б.А. е казнет според членот 187, став 6 од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата.
Минатата година во месец декември тој беше дел од акција за дрога и оружје на МВР при што бил извршен и претрес во домот каде полицијата пронашла и нелегално оружје.
Инаку на својот Тик-Ток истото момче неодамна се снимало и како на автопат возело со брзина од 234 километри на час со својот Мерцедес, пркосејќи му на законот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа