Скопјанец со закана ограбил вработен на бензинска, полицијата го приведе

 

Денеска во 05.20 часот на подрачјето на Чаир полициски службеници од Полициската станица Чаир го лишиле од слобода В.В.(35) од Скопје, поради тоа што околу 03.00 часот на бензинска пумпа, со закана со остар предмет кон вработениот, одзел пари и мобилен телефон.

Со него бил извршен службен разговор и кај него биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичното дело, кои ќе бидат вратени на сопственикот.

По целосно документирање на случајот СВР Скопје - ЕВР Чаир ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „разбојништво“.

10.07.2024 - 16:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега