Скопјанец седнал во Голф мортус пијан - Му измериле 2,15 промили
Четириесет и двегодишен скопјанец вчера е лишен од слобода, бидејќи управувал возило под дејство на алкoхол на улица „Маршал Тито“ во Тетово.
Како што соопшти денеска МВР, вчера во 14:10 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Б.Д. (42) од Скопје.
-При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое Б.Д. го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 2,15 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“, се наведува во соопштението од МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа