Скопјанец ограбил бутик во трговски центар заканувајќи се со нож

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.Б.(24) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба“.

– На 21.09.2024 од продавница во трговски центар во Скопје, пријавениот откако одзел повеќе парчиња гардероба, му се заканил со нож на вработениот и го напуштил местото на настанот, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 38.376 денари, соопшти МВР.

30.10.2024 - 20:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега