Ноќеска во 02:30 часот во Тетово, полициски службеници го лишија од слобода Р.Џ. (24) од Скопје, кој бил пријавен од неговата 41-годишна мајка дека на 03.08.2026 околу 23:30 часот во семејниот дом во Тетово, физички ја нападнал, а употребил и тврд предмет.

Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 21:20 часот во струшко село, полициски службеници од слобода го лишија А.Х.(39), по претходна пријава дека во семејниот дом физички го нападнал својот татко.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Exit mobile version