Скопјанец доживеал несреќа во фабриката во која работел, па починал
Скопјанец починал откако доживеал несреќа во фабриката во која работел.
- Вчера во 10:00 часот во СВР Куманово било пријавено дека во фабрика, при извршување на работни задачи, 53-годишниот С.С. од Скопје при пад се здобил со повреди и починал. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на семејството - информира МВР.
22.10.2020 - 16:04
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа