Close Menu
Press24
    Најново

    ВМРО-ДПМНЕ со честитка за 5 Мај: Македонскиот јазик е аманет кој сме должни да го чуваме

    05.05.2026 во 10:27

    Сиљановска-Давкова од Ереван: Поддршката од Романија за ЕУ мора да се темели на европски принципи

    05.05.2026 во 10:24

    „Комунална хигиена“ во април исчисти 2.750 кубни метри отпад од диви депонии – најмногу во Карпош

    05.05.2026 во 10:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВМРО-ДПМНЕ со честитка за 5 Мај: Македонскиот јазик е аманет кој сме должни да го чуваме
    • Сиљановска-Давкова од Ереван: Поддршката од Романија за ЕУ мора да се темели на европски принципи
    • „Комунална хигиена“ во април исчисти 2.750 кубни метри отпад од диви депонии – најмногу во Карпош
    • Град Скопје најави авионска дезинсекција против комарци: Апел до пчеларите да преземат мерки
    • „Луфтханза“ ја прекинува линијата Франкфурт-Скопје во јуни, одложен и летот Виена-Охрид
    • Трамп со остра закана до Иран: Ќе бидете збришани ако ги нападнете американските бродови
    • Трагедија го потресе светот: Експлодираше фабрика за пиротехника, најмалку 21 лице загина
    • Силен земјотрес од 4,1 степен ја погоди Србија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Скопјанец во фолија одгледувал канабис, а во собата каде спиел имал комора за сушење – ОЈО спроведе истрага

    Скопјанец во фолија одгледувал канабис, а во собата каде спиел имал комора за сушење – ОЈО спроведе истрага

    19.09.2025 во 10:23Updated:19.09.2025 во 10:291 Min Read
    ФОТО: МВР
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека вршел кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори по член 215 став 1 од Кривичниот законик.

    Осомничениот 47-годишник, во дворот на куќата во селото Ајватовци, под фолија насадил и одгледувал осум растенија канабис. При претрес на 16 септември, полицијата пронашла пет растенија засадени во земја и три во кофи, во свежа состојба и со поединечна висина од 100-260 сантиметри.

    Исто така, во собата во која спиел, тој направил комора – импровизирана просторија за сушење со метална конструкција, филтер за воздух и два вентилатори. Во неа во моментот на претресот сушел 7 грама наркотична дрога – марихуана.  Дополнително, на скалите во куќата полицијата пронашла сито со уште 17,4 грама марихуана.

    Бидејќи постојат околности кои што укажуваат на опасност од бегство и на можност осомничениот да го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

    Featured
    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ со честитка за 5 Мај: Македонскиот јазик е аманет кој сме должни да го чуваме

    05.05.2026 во 10:27

    Сиљановска-Давкова од Ереван: Поддршката од Романија за ЕУ мора да се темели на европски принципи

    05.05.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.