Close Menu
Press24
    Најново

    Еден во болница, еден приведен: Масовна навивачка тепачка пред МЗТ Скопје – Работнички

    31.10.2026 во 21:25

    Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница

    31.10.2026 во 16:23

    Град Скопје организираше бесплатен разглед на Матка и Врело – Орце најавува почести вакви настани

    31.10.2026 во 16:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Еден во болница, еден приведен: Масовна навивачка тепачка пред МЗТ Скопје – Работнички
    • Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница
    • Град Скопје организираше бесплатен разглед на Матка и Врело – Орце најавува почести вакви настани
    • Над 5.000 смртни случаи од ебола во Конго
    • Со огнено оружје тројца разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
    • Со дрво ја тепал сопругата – полицијата приведе 82-годишник од Велес
    • Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
    • Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Скандалозна одбрана по трагедијата во Швајцарија: Сопствениците на барот ја обвинија мртвата келнерка за пожарот

    Скандалозна одбрана по трагедијата во Швајцарија: Сопствениците на барот ја обвинија мртвата келнерка за пожарот

    27.01.2026 во 16:172 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Додека Швајцарија и светот сè уште тагуваат по 40-те жртви кои настрадаа во новогодишната ноќ во клубот Le Constellation, сопствениците Жак и Џесика Морети ја шокираа јавноста со својата одбрана. Наместо преземање одговорност, тие вината за пожарот ја префрлија на своите млади вработени, особено на 24-годишната келнерка Сијан Панина, која и самата го загуби животот во пламените јазици.

    Според транскриптите од распитот до кои дојде Le Parisien, Жак Морети тврди дека келнерката на своја иницијатива изведувала „перформанс“ со шишиња шампањ и прскалки, што го запалило таванот од лесно запалива пена.

    „Сијан обожаваше да биде дел од шоуто, не видовме опасност“, изјавил Морети пред обвинителите, иако признал дека никогаш не ѝ дал безбедносни упатства.

    Семејството на починатата девојка и преживеаните сведоци ги негираат овие тврдења, посочувајќи дека токму сопственичката Џесика ја принудила Сијан да го носи шампањот со кацига на главата.

    Еден од најкритичните моменти во истрагата е зошто излезот за итни случаи во подрумот бил заклучен. Токму зад таа врата беше пронајдено безживотното тело на Сијан. Сопствениците обвинија друг вработен дека наводно го затворил резето додека носел мраз, додека вработениот жестоко ги отфрла овие наводи.

    Особено вознемирувачко е видеото кое се појави во јавноста, на кое наводно се гледа како сопственичката Џесика Морети бега од клубот носејќи ја касата со пари, целосно игнорирајќи ги жртвите кои се бореле за живот. На прашањето за малолетниците во клубот (меѓу кои и починато 14-годишно дете), таа кратко одговорила: „Можеби имале лажни лични карти“.

    Прочитај повеќе

    Вучиќ: Јас сум виновен, нека ме гонат мене

    31.10.2026 во 13:00

    Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на Алта Банка

    31.10.2026 во 09:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.