Синот и сопругот на Туцаковиќ со потресно соопштение: Изгубивме мајка и сопруга, а не национално богатство

Сопругот и синот на Марина Туцаковиќ, Александар и Милан Радуловиќ се заблагодариле на изјавите за поддршка, сочувство и пријателство и ја замолиле јавноста да ја почитува нивната приватност и погребот да се одвива интимно, во кругот на семејството.

-Ние изгубивме мајка и сопруга, животен сопатник, а не национално богатство. Марина никогаш не сакаше патетики и масовно обележување на нејзината смрт би било против духот по кој живееше и работеше. Нејзината желба секојаш беше да биде погребана во семејната гробница, заедно со својот син Милош, а не во Алеата на великаните - навеле членовите на семејството.

-Нејзина желба беше погребот да се направи интимно, во кругот на најтесното семејство и пријателите, со присуство на свештеник и опело. Во склоп со епидемиолошката ситуација и со желба да ги заштитиме најблиските од таа страшна болест која на крајот ја зема Марина, сакаме да се збогуваме од неа без присуство на публика и новинари - навеле сопругот и синот.

Тие навеле дека Марина починала на 19 септември на 67 годишна возраст.

-Почина брзо, неколку дека откако беше хоспитализирана. Нејзината болест веќе неколку месеци водеше битка против неа, а Ковидот успеа да ја покоси за само неколку дена. Почина надвор од својата куќа, во несвесна состојба и замина на небо, оставајќи ги своите најблиски, сопругот и синот, навеле.

20.09.2021 - 15:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега