Close Menu
Press24
    Најново

    Синдикатите и ТИТАН Усје ја зајакнуваат соработката за дополнително унапредување на условите за работа

    26.11.2026 во 10:22

    Откриени 3,5 милијарди записи со лозинки и лични податоци: Можно е да се загрозени милиони корисници

    26.11.2026 во 10:14

    СДСМ: Илјадници културни работници може да останат без правата од Колективниот договор

    26.11.2026 во 10:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Синдикатите и ТИТАН Усје ја зајакнуваат соработката за дополнително унапредување на условите за работа
    • Откриени 3,5 милијарди записи со лозинки и лични податоци: Можно е да се загрозени милиони корисници
    • СДСМ: Илјадници културни работници може да останат без правата од Колективниот договор
    • Награди за долгогодишниот труд на вработените: Ѓорче Петров исплати над 2,4 милиони денари
    • Над 200 милиони евра исплатени на штедачите на „Алта банка“, ангажирани и мобилни филијали
    • Апсење во Скопје: Шест лица со лисици на рацете
    • Снегот направи хаос во Словенија: Затворен автопат, камиони се лизгаат, несреќи на повеќе делници
    • Македонија окована во студ – УХМР ги измери утринските температури и издаде метео предупредување
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Синдикатите и ТИТАН Усје ја зајакнуваат соработката за дополнително унапредување на условите за работа

    Синдикатите и ТИТАН Усје ја зајакнуваат соработката за дополнително унапредување на условите за работа

    26.11.2026 во 10:222 Mins Read
    УСЈЕ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Континуираното унапредување на правата на вработените, подобрувањето на условите за работа, професионалниот развој и значењето на отворениот социјален дијалог беа во фокусот на средбата на менаџментот на ТИТАН Усје со претставници на синдикатите.

    На средбата присуствуваа претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, претседателот на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП), Иван Пешевски, претседателот на Синдикатот на ТИТАН Усје, Горан Јанковски, и генералниот извршен директор на компанијата, Константинос Николаоу.

    Во рамки на средбата беа презентирани политиките и мерките што ТИТАН Усје континуирано ги спроведува за унапредување на правата и економската сигурност на вработените, преку соодветни надоместоци и дополнителни придобивки. Посебно внимание беше посветено на високите стандарди за безбедност и здравје при работа, кои се имплементирани во компанијата и континуирано се унапредуваат.

    Менаџментот на ТИТАН Усје ги запозна претставниците на синдикатите и со инвестициите во модернизација на производствените процеси, како и со значењето на овие инвестиции за подобрување на работните услови, развој на нови компетенции кај вработените и долгорочна одржливост на работните места.

    Трендафилов и Пешевски изразија задоволство од досегашната соработка со менаџментот и со Синдикатот на ТИТАН Усје, нагласувајќи ја важноста на отворениот и конструктивен дијалог како основа за континуирано унапредување на работничките права. На средбата беше истакнато и значењето на ТИТАН Усје како еден од столбовите на македонската индустрија и економскиот развој на земјата.

    Претседателот на Синдикатот на ТИТАН Усје, Горан Јанковски, посочи дека на вработените во компанијата им се овозможуваат континуирани обуки за професионален развој, безбедност и здравје при работа, како и за стекнување нови знаења и вештини. Тој ја истакна и континуираната грижа на компанијата за добросостојбата на вработените и нивните семејства. На средбата беше договорено дополнително зајакнување на соработката меѓу компанијата и синдикатите, со заедничка заложба за натамошно унапредување на работничките права и условите за работа. Претставниците на синдикатите ја нагласија важноста на континуираниот социјален дијалог и во контекст на глобалните технолошки промени, дигитализацијата и развојот на вештачката интелигенција, кои носат нови предизвици за пазарот на трудот.

    ТИТАН Усје обезбедува 249 директни и околу 6.700 индиректни работни места преку своите добавувачи, клиенти и пошироката економска активност, што претставува приближно еден отсто од вкупната вработеност во земјата. Како одговорен работодавач, компанијата останува посветена на создавањето безбедна, стимулативна и стабилна работна средина, во која социјалниот дијалог и партнерскиот однос со вработените се составен дел од нејзиното работење.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    СДСМ: Илјадници културни работници може да останат без правата од Колективниот договор

    26.11.2026 во 10:13

    Награди за долгогодишниот труд на вработените: Ѓорче Петров исплати над 2,4 милиони денари

    26.11.2026 во 10:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.