Премиерот Христијан Мицкоски утре ќе биде домаќин на свеченото одбележување на 35 години од независноста на државата, кое ќе се одржи на платото пред Владата.
Свеченоста се организира под мотото „Силно светнал ден!“, а почетокот е закажан за 14:00 часот.
Во рамки на програмата е предвидено и соодветно празнично обраќање на претседателот на Владата.


