Полицијата регистрираше повеќе случаи на семејно насилство во изминатото деноноќие, при што во еден од нив бил прекршен и постоечки судски nалог за забрана.
Вчера во 16:30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека З.С. бил агресивен кон неговата сопруга и физички ја нападнал, а и од претходно имал судско решение за забрана за вршење семејно насилство. По целосно расветлување на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Истиот ден во 21:25 часот, полициски службеници од ОВР Струга во струшкото село Теферич го лишија од слобода З.В.(35) од с. Велешта, постапувајќи по претходна пријава дека бил агресивен кон членови на неговото семејство. По целосно расветлување на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Насилство било регистрирано и во главниот град. Вчера во 22:30 часот во СВР Скопје, 37-годишна жена пријави дека во семејниот дом на подрачјето на Центар, била физички нападната од нејзиниот сопруг М.Б.(44). Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Претходно во 18:30 часот во СВР Скопје 40-годишна жена пријави дека во здравствена установа на подрачјето на Карпош, нејзиниот сопруг Н.Ќ. и упатувал закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


