Кат од деловна зграда се урна во центарот на Рим, при што спасувачките екипи успеале да извлечат четири лица од урнатините, соопштија локалните власти.

Објектот, кој се наоѓа на познатата улица „Виа Кола ди Риенцо“, каде што се сместени продавницата „Норт Фејс“ и хотелот „Консоли“, во моментов е целосно затворен, пренесува агенцијата „АднКронос“.

Директорката на противпожарната служба, Беатрис Танци, појасни дека дошло до делумно срушување на таванот меѓу приземјето и првиот кат. Спасувачката акција продолжува со помош на специјализирани тимови и кучиња трагачи кои го пребаруваат теренот.

– Работите за реновирање на хотелот „деи Концоли“ се во тек – изјави Танци, додавајќи дека не е исклучено „насобраниот материјал“ на градилиштето да ги „преоптоварил подовите“.

Exit mobile version