Управата за хидрометеоролошки работи и локалните метеоролошки станици алармираат за нагло влошување на временските услови во малешевскиот крај.
Во моментов, целиот Беровско-Пехчевски регион е зафатен од појава на пороен дожд, кој е проследен со засилен интензитет на ветерот.
Според синоптичарите, на одредени места во овие општини постои сериозна опасност и од појава на суградица.

