Силниот земјотрес зема жртви и во Сирија

 

Најмалку 237 лица загинаа, а 639 се повредени во Сирија по силниот земјотрес што рано утринава ја погоди јужна Турција, јави сириската државна новинска агенција „САНА“, цитирајќи официјален претставник на Министерството за здравство.

Официјалниот број на загинати низ Турција и Сирија сега изнесува повеќе од 300, со речиси 2.000 повредени, јавува Си-Ен-Ен.

Сириското Министерство за одбрана објави дека ги мобилизира сите свои единици во сите провинции за да им пружи итна помош на жителите погодени од земјотресот, да бараат луѓе затрупани под урнатините и да ги лекуваат повредените.

Белите шлемови, познати и како сириска цивилна одбрана, го прогласија северозападниот дел на Сирија за „област на катастрофа“.

Тие додаваат дека под урнатините има стотици повредени и затрупани луѓе.

06.02.2023 - 10:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега