Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Утре ќе нема струја до 15 часот – најавени исклучувања во повеќе скопски општини
    • Пронајдени клуч од мотор поврзан со убиство, бомба и пиштоли – отворена истрага за млад скопјанец
    • Завршни зборови за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане: Обвинителството бара доживотен затвор
    • Уапсен арачиновец кој го блокираше патот за да избега од полицијата
    • Пијани, бесни и без возачка: Во една ноќ полицијата приведе осум возачи
    • Поднесени две кривични пријави за Лотарија: Финансиска полиција објави детали за акцијата
    • Едната ја тепала, другата ја снимала со мобилен: Малолетничка нападната во Аеродром
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска во Анкара: Најсилна е Европа која живее во мир и демократија

    Сиљановска во Анкара: Најсилна е Европа која живее во мир и демократија

    08.07.2026 во 09:162 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади, кој се одржува во претседателскиот комплекс „Бештепе“ во Анкара.

    Пред почетокот на состанокот, Сиљановска Давкова во изјава за медиумите порача дека проширена и обединета Европа е посилна Европа, но дека најсилна е Европа која живее во мир и демократија, заснована на принципи и вредности.

    „Мотото ‘Посилна Европа – Посилно НАТО’ според мене значи дека проширена и обединета Европа е посилна Европа. Но, најсилната Европа е Европа која живее во мир и демократија базирана на принципи и вредности“, истакна претседателката.

    На состанокот на Северноатлантскиот совет, на кој учествуваат лидерите на 32-те земји членки на НАТО, предвидено е Сиљановска Давкова да има свое обраќање.

    Во пресрет на самитот, претседателката синоќа присуствуваше на приемот организиран од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

    „Во духот на сојузништвото и меѓусебната почит, со шефовите на држави и влади разменивме мислења за натамошното обликување на евроатлантската безбедносна архитектура, јакнењето на колективната одбрана и зацврстувањето на трансатлантското единство“, објави Сиљановска Давкова.

    Македонската делегација на самитот ја предводи претседателката, а во нејзин состав се министрите за одбрана и за надворешни работи и надворешна трговија, Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски, како и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

    На агендата на самитот се јакнењето на колективната безбедност на Алијансата, зголемувањето на инвестициите во одбраната, развојот на одбранбената индустрија и продолжувањето на поддршката за Украина.

    Во рамки на самитот, Сиљановска Давкова ќе оствари и билатерални средби со дел од шефовите на делегации на земјите членки на НАТО.

    На дводневниот собир во Анкара учествуваат лидерите на земјите членки на Алијансата, генералниот секретар на НАТО Марк Руте и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, како и министри, дипломати и претставници на меѓународни организации.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Утре ќе нема струја до 15 часот – најавени исклучувања во повеќе скопски општини

    06.10.2026 во 16:16

    Пронајдени клуч од мотор поврзан со убиство, бомба и пиштоли – отворена истрага за млад скопјанец

    06.10.2026 во 16:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.