Силјановска и одговори на Царовска: Пропаста на економијата започна кога вие станавте вицепремиер за економски прашања

 

Пропаста на економијата драга Мила започна кога Вие станавте Вицепремиер за економски прашања. Па, кога видовте дека сѐ оди удолу се скривте во глувчешка дупка и почнавте на прес конференции да испраќате професионалци, да ги горите за своите грешки во одлучувањето и погубните резултати за справување со кризата, напиша професорката Гордана Силјановска Давкова на Фејсбук.

„Јас не сум таа која во сите проекти со меѓународни организации ставам буџет за промоција на мојот лик и дело. Ниту ја злоупотребувам функцијата и снимам партиски спотови во работно време во кабинетот како она со ’30 прашања за Мила Царовска’.

Да, се грижам за сопствениот интерес! По 30 годишна успешна академска кариера во право, се трудам во пракса да ја вратам политиката во рамките на правото“, напиша професорката.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.07.2020 - 15:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега