Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ГАЛЕРИЈА: Пред 2-3 дена се вселија а веќе почнаа да го уништуваат новиот студентски дом Стив Наумов
    • Старец прегазен и усмртен на Градско-Велес, полицијата трага по возачот
    • Андоновски: Државата, граѓаните и компаниите мора заедно да го чекорат патот на дигиталната трансформација
    • Приведен тинејџер: Се заканувал на полицаец преку социјални мрежи
    • Радев бесен: Напад со дронови во Бугарија – еден брод потонал друг се запалил
    • Мицкоски: Откриени над 4.500 лажни корисници – починати и иселени примале социјална помош
    • Вработениот го фатил како краде, па му одговорил со тупаници – апсење на Бит Пазар
    • ФЗОМ ги усвои новите правила за боледување
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова со порака за лицата со Алцхајмер: „Љубовта има незаменливо лековито дејство“

    Сиљановска-Давкова со порака за лицата со Алцхајмер: „Љубовта има незаменливо лековито дејство“

    24.09.2026 во 08:46Updated:24.09.2026 во 08:472 Mins Read
    Кабинет на претседателката
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова синоќа во Народната канцеларија во Скопје се сретна со лица со Алцхајмерова болест и членови на нивните семејства, во рамки на настанот „Алцхајмер Матине – Она што останува: љубов, емоција, емпатија“.

    Настанот, организиран од Институтот за Алцхајмерова болест и невронаука, се одржа по повод месецот посветен на подигнување на свеста за Алцхајмеровата болест.

    На настанот се обратија и министерката за образование и наука Весна Јаневска, министерот за здравство Сашо Клековски и претседателката на Институтот за Алцхајмерова болест и невронаука, проф. д-р Габриела Новотни.

    Сиљановска-Давкова им посака добредојде на присутните во Народната канцеларија, која ја опиша како дом на граѓаните, и им изрази благодарност на семејствата и блиските за грижата и поддршката што им ја даваат на лицата со Алцхајмерова болест.

    Таа сподели и искуство од својата професионална кариера, посочувајќи пример на колешка од Швајцарија која, и покрај тоа што живеела со Алцхајмерова болест, отворено ја поддржувала македонската страна, бранејќи ги правото, правдата и етиката.

    Претседателката ја истакна важноста на напредокот на медицината во справувањето со болеста, но и значењето на поддршката од најблиските.

    „Зборот, насмевката, звукот, гестот, љубовта, со еден збор, имаат незаменливо лековито дејство“, истакна Сиљановска-Давкова.

    Министерката Јаневска рече дека на настанот не присуствувала како министерка, туку како човек кој одблизу се соочил со болеста. Таа го сподели своето лично искуство со сопругот и зборуваше за предизвиците со кои се соочуваат лицата со Алцхајмерова болест и нивните семејства, изразувајќи поддршка за сите кои се соочуваат со оваа болест.

    Проф. д-р Габриела Новотни ја нагласи потребата од рана дијагноза, современа терапија и организирана грижа по поставувањето на дијагнозата. Таа посочи дека Алцхајмеровата болест не го засега само лицето со дијагноза, туку и целото семејство.

    „Ако ги обединиме науката, добрите темели во здравството и образованието и ако на сето тоа додадеме љубов, човечност и емпатија, сигурна сум дека ќе направиме систем во кој сите семејства кои се соочиле со деменцијата ќе живеат малку подобар живот, и покрај болката и страдањето што ги носи болеста“, порача Новотни.

    Настанот ја истакна потребата од поголема општествена свест, разбирање и солидарност, како и од континуирана поддршка за лицата со Алцхајмерова болест и нивните семејства.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    ГАЛЕРИЈА: Пред 2-3 дена се вселија а веќе почнаа да го уништуваат новиот студентски дом Стив Наумов

    06.10.2026 во 13:49

    Старец прегазен и усмртен на Градско-Велес, полицијата трага по возачот

    06.10.2026 во 13:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.