Close Menu
Press24
    Најново

    Сиљановска-Давкова: Шокантен е предлогот Струшките вечери на поезијата да станат сектор, тоа е некултурен однос

    13.08.2026 во 14:40

    УХМР ги објави температурите во 14 часот: Најтопло во Гевгелија и Демир Капија, најсвежо на Попова Шапка

    13.08.2026 во 14:33

    Илчо Ѓорѓиоски оди во домашен притвор со гаранција од 500.000 евра

    13.08.2026 во 14:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сиљановска-Давкова: Шокантен е предлогот Струшките вечери на поезијата да станат сектор, тоа е некултурен однос
    • УХМР ги објави температурите во 14 часот: Најтопло во Гевгелија и Демир Капија, најсвежо на Попова Шапка
    • Илчо Ѓорѓиоски оди во домашен притвор со гаранција од 500.000 евра
    • 46-годишен маж се удави во Охридското Езеро
    • ЦУК: Гори во повеќе општини – во прилепско опожарена и викендица
    • Залутани куршуми ги вознемирија кумановци: Пронајдени зрна од огнено оружје на повеќе локации
    • Невреме во источна Македонија: Пороен дожд и грмежи, облачноста се движи кон Струмица
    • Приведен скопјанец: Полицијата му пронашла бела грутчеста материја и марихуана
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова: Шокантен е предлогот Струшките вечери на поезијата да станат сектор, тоа е некултурен однос

    Сиљановска-Давкова: Шокантен е предлогот Струшките вечери на поезијата да станат сектор, тоа е некултурен однос

    13.08.2026 во 14:402 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од Струга порача дека е шокантен предлогот на Министерството за култура, со кој Струшките вечери на поезијата (СВП) од самостојна национална установа треба да се сведат на сектор во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“.

    По средбата со раководството на СВП, таа истакна дека фестивалот 65 години претставува синоним за светска промоција и не смее да се третира како административно прашање.

    Навистина е шокантно, за мене е ова некултурен однос. Јас очекував оваа славна институција, овој славен феномен, да биде поткрепен во понатамошниот развој – финансиски, со дигитализација, со простор, со нови проекти, затоа што е препознатлив ширум светот. И вие сега, наместо да го поткрепите и поддржите, зашто тоа го заслужува, да го сведете на дел од бирократијата, на дел од организацијата, мислам дека е длабоко неразбирање на улогата, на меморијата, на успесите, на она што е сторено. Страшно е. Да дојде тоа од некоја институција што не разбира што е култура, ама да дојде од Министерството за култура – за мене е навистина целосно неразбирливо – изјави претседателката.

    Таа додаде дека СВП има посебна улога и во евроинтеграциските процеси, потсетувајќи и на долгогодишното партнерство со УНЕСКО за наградата „Мостови на Струга“.

    Но, убедена сум дека во оваа Влада покрај премиерот седат луѓе кои ваков предлог нема да прифатат, затоа што знаат што е култура, што е национална култура, знаат што значат зад нас 65 години културна меморија, што значи врвни поети да велат дека ваков однос кон културата е инспиративен и треба да се поддржува – нагласи Сиљановска-Давкова.

    Директорот на НУ Струшки вечери на поезијата, Никола Кукунеш, изрази задоволство од поддршката на претседателката и посочи дека предлогот на претходниот министер Зоран Љутков не поминал на владина комисија.

    Станува збор за предлог што, за среќа, не помина на комисиска расправа, меѓутоа го чувствуваме како сериозен удар – и на нашата институција, меѓутоа е удар што рефлектира и многу пошироко. Особено во овој момент кога се соочуваме со низа непријатности во поглед на оспорувањето на идентитетот, културата, јазикот итн. – истакна Кукунеш.

    Прочитај повеќе

    УХМР ги објави температурите во 14 часот: Најтопло во Гевгелија и Демир Капија, најсвежо на Попова Шапка

    13.08.2026 во 14:33

    Илчо Ѓорѓиоски оди во домашен притвор со гаранција од 500.000 евра

    13.08.2026 во 14:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.