Close Menu
Press24
    Најново

    Трагедија во Кина: Најмалку седум лица загинаа во силна експлозија, десетици се повредени

    11.06.2026 во 10:16

    ФОТО: „Спремни за средно“ – Кисела Вода организираше бесплатна полуматурска прослава

    11.06.2026 во 10:15

    Портокалов метео-аларм во Србија: Се очекуваат силни бури со град

    11.06.2026 во 10:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трагедија во Кина: Најмалку седум лица загинаа во силна експлозија, десетици се повредени
    • ФОТО: „Спремни за средно“ – Кисела Вода организираше бесплатна полуматурска прослава
    • Портокалов метео-аларм во Србија: Се очекуваат силни бури со град
    • ВМРО-ДПМНЕ: ,,Роаминг како дома“ за граѓаните значи пониски трошоци и подобра поврзаност
    • Лоши вести за сите кои планираат да одат во Грција: Тропскиот топлотен бран завршува, пристигнуваат град, бури и грмотевици
    • ФОТО: Македонската Царина сопре рент-а-кар возило – Заплена од 13.000 евра
    • Силен земјотрес од 5,1 степен го погоди Иран
    • ДУИ: Новооснована фирма добила милионски договори во Чаир
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова се сретна со швајцарскиот претседател Пармелан: Македонската дијаспора e важна нишка во развојот на односите меѓу двете држави

    Сиљановска-Давкова се сретна со швајцарскиот претседател Пармелан: Македонската дијаспора e важна нишка во развојот на односите меѓу двете држави

    03.02.2026 во 16:422 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Светскиот самит на владите во Дубаи, оствари средба со претседателот на Швајцарската конфедерација, Ги Пармелан.

    На средбата беше реафирмирано високото ниво на партнерство меѓу двете држави, што се основа на пријателство, заемна доверба и почит. Претседателката изрази уверување за натамошно продлабочување на политичкиот дијалог на највисоко ниво.

    Во таа насока, претседателката упати покана за официјална посета на претседателот Пармелан.

    Таа се заблагодари за проектната помош во различни области, со што Швајцарија е меѓу најголемите билатерални донатори во нашата држава.

    Посочи на важноста на поддршката што Швајцарија ја дава за стратешките определби на нашата држава, што според неа ја демонстрира швајцарската посветеност за стабилност, развој и европска иднина на нашиот регион.

    Соговорниците го споделија мислењето за важноста на бројната македонска заедница во Швајцарија како важна нишка во развојот на односите меѓу двете држави.

    Претседателката повика на натамошно интензивирање на економската соработка и зголемување на трговската размена, вклучително и зголемување на швајцарските директни инвестиции.

    Сиљановска-Давкова изрази сочувство за трагедијата во ноќниот клуб во Кран Монтана на новогодишната ноќ и загубата на човечки животи, како ужасен потсетник на трагедијата во Кочани, што остави трајни рани во македонското општество.

    Двајцата претседатели разменија мислења и за актуелните случувања на глобален план.

    Прочитај повеќе

    ФОТО: „Спремни за средно“ – Кисела Вода организираше бесплатна полуматурска прослава

    11.06.2026 во 10:15

    ВМРО-ДПМНЕ: ,,Роаминг како дома“ за граѓаните значи пониски трошоци и подобра поврзаност

    11.06.2026 во 09:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.