Close Menu
    Најново

    Возило заврши во Радика – екипите на терен

    02.01.2026 во 17:33

    Николоски: Граѓаните да очекуваат промени во правосудството во 2026 година

    02.01.2026 во 17:16

    И рекле дека ќе и купат куќа па им дала илјадници евра – останала без пари, ама и без куќа

    02.01.2026 во 17:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Возило заврши во Радика – екипите на терен
    • Николоски: Граѓаните да очекуваат промени во правосудството во 2026 година
    • И рекле дека ќе и купат куќа па им дала илјадници евра – останала без пари, ама и без куќа
    • Стартува ски-сезоната во Тиквешијата: Отворена патеката „Македонија“ во Михајлово
    • Грција изразила подготвеност да прими повредени од пожарот во Кран-Монтана
    • Кина vs. Тесла: Пекинг го презема водството во раната комерцијализација на хуманоиди
    • Трагедија во Кран-Монтана: 40 загинати во стампедото и пламенот, меѓу повредените има многу од Балкан
    • Камен-темелник на есен: Мицкоски го потврди состанокот со „АКСА“ за гасификацијата
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Сиљановска-Давкова се обрати на Парискиот мировен форум: Евроинтеграцијата е дијалог, а не диктат

    Сиљановска-Давкова се обрати на Парискиот мировен форум: Евроинтеграцијата е дијалог, а не диктат

    29.10.2025 во 15:08
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на учеството на осмиот Париски мировен форум, се обрати на сесијата посветена на младите и европската перспектива на Балканот.

    Таа укажа на суштинската важност на регионалната соработка и повика на разбирање и дијалог потенцирајќи дека евроинтеграцијата не може да биде диктат, туку е дијалог.

    „Регионалната соработка за мене е неверојатно важна. Не може да избегаме од регионот, тој ни е судбина, ова важи не само за нас кои се уште чекаме да станеме кандидати или да ги завршат некои држави преговорите со ЕУ, но и за оние коишто веќе се во ЕУ, а припаѓаат на нашиот регион“, изјави таа по завршувањето на сесијата, со којашто модерираше Мишел Дикло од „Институтот Монтејн“.

    На сесијата таа говореше и за безбедносната состојба во Европа поради која не смееме да бидеме оставени во геополитички вакуум и го реафирмираше ставот дека проширувањето на Унијата е безбедносно, а не само прашање на проширување.

    „Она што е чудно е што во 2019 година беа сменети правилата на играта среде игра, што е невообичаено ни за спортски натпревари, ниту пак во политички преговори, бидејќи беше воведена нова методологија“,  вели Сиљановска-Давкова во изјавата.

    Според неа од интерес за регионалната стабилност, регионалната демократија, но и за Европската Унија е, да гледа на регионот како на систем на врзани садови и да направи храбар чекор како оној во 2004 година, односно да покаже иновативност во креирањето на конечни решенија за т.н. Западен Балкан, како неразделен дел од Европа.

    Популарно

    „Крај за пензиите од 10.000 денари“: Мицкоски најави вкупен раст од 7.000 денари до април

    02.01.2026 во 13:48

    Пиротехниката зема данок: 11-годишно дете и тинејџер завршија на Ургентен во новогодишната ноќ

    02.01.2026 во 13:19

    Детали за смртта на двегодишното дете

    02.01.2026 во 13:06

    Обвинение за трагедијата на „Гоце Делчев“: Најмалку 4 години затвор му се заканува на возачот кој го прегази велосипедистот Јорго

    02.01.2026 во 09:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.