Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Страшна несреќа во соседството: Автобус се судри со автомобил на автошкола, меѓу повредените и деца
    • Земјотрес ја погоди Црна Гора
    • Лоши вести за возачите: Нафтата драстично скокна
    • Тренчевска: Владата планира пет нови рудници во Нацрт-просторниот план, под знак прашалник влијанието врз животната средина
    • Од март следната година директен лет на „Flydubai“ на релација Дубаи – Скопје
    • Ѓорѓиева: Владата посветено работи на нови можности за развој на економијата
    • Голем шверц на тутун на Миконос: Уапсени двајца патници со 6.000 кутии цигари
    • Нова ерупција на Етна: Вулканот исфрли пепел висока четири километри
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова пред лидерите на Алијансата – Обраќање на Самитот на НАТО

    Сиљановска-Давкова пред лидерите на Алијансата – Обраќање на Самитот на НАТО

    08.07.2026 во 08:00Updated:08.07.2026 во 08:022 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади, кој се одржува во рамки на Самитот на НАТО во Анкара. Таа ќе има свое обраќање пред лидерите на земјите-членки на Алијансата.

    Во пресрет на официјалниот дел од самитот, претседателката присуствуваше на свечениот прием што го организираше турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за учесниците на собирот.

    „Во атмосфера на сојузништво и меѓусебна доверба разменивме ставови за иднината на евроатлантската безбедност, за унапредување на колективната одбрана и за зацврстување на трансатлантското партнерство. Верувам дека преку заедничка посветеност и одговорност можеме да придонесеме за поголема стабилност, мир и безбедност“, напиша Сиљановска-Давкова на својот Фејсбук профил.

    Македонската делегација на Самитот ја сочинуваат и министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, како и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

    Главните теми на овогодишниот Самит се зајакнувањето на колективната безбедност на Алијансата, зголемувањето на вложувањата во одбраната, развојот на одбранбената индустрија, модернизацијата на воените капацитети и продолжувањето на поддршката за Украина.

    За време на престојот во Анкара, претседателката ќе има и билатерални средби со повеќе лидери на земјите-членки на НАТО.

    На дводневниот Самит присуствуваат лидерите на сите 32 земји-членки на Алијансата, меѓу кои и американскиот претседател Доналд Трамп, францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер, германскиот канцелар Фридрих Мерц, италијанската премиерка Џорџа Мелони, канадскиот премиер Марк Карни, како и генералниот секретар на НАТО Марк Руте и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта.

    Покрај шефовите на држави и влади, на Самитот учествуваат и десетици министри, високи дипломати, претставници на меѓународни организации, како и неколку илјади делегати и медиумски екипи од целиот свет.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Тренчевска: Владата планира пет нови рудници во Нацрт-просторниот план, под знак прашалник влијанието врз животната средина

    24.09.2026 во 18:45

    Од март следната година директен лет на „Flydubai“ на релација Дубаи – Скопје

    24.09.2026 во 18:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.