Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Во речиси сите европски градови расте бројот на смртни случаи поради жештините
    • ЕУ бара Маск да ги врати неограничените услуги на Старлинк за Украина
    • Принцот Хари сака да се смири со кралското семејство
    • Сред бел ден фрла мебел и создаде депонија: Градоначалникот јавно ја објави
    • „Европска крв за американска нафта“: Чешки активисти протестираа пред амбасадата на САД во Прага
    • Во Словенија на сите вработени ќе им биде исплатен божиќен бонус
    • Ким Кардашијан се маскираше во својата ќерка Норт за Ноќта на вештерките
    • Историска казна за „Мета“: Суд во САД изрече глоба од 25 милијарди долари поради приватноста на Фејсбук
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова оствари средба со црногорскиот претседател Милатовиќ – разговарано за надминување на предизвиците со кои се соочуваат земјите на патот кон ЕУ

    Сиљановска-Давкова оствари средба со црногорскиот претседател Милатовиќ – разговарано за надминување на предизвиците со кои се соочуваат земјите на патот кон ЕУ

    28.11.2025 во 14:322 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Традиционално пријателство, меѓусебна поддршка и разбирање и заедничкa стратешка цел за членство во ЕУ ги карактеризираат македонско-црногорските односи, беше заклучокот на денешната средба на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ во Цетиње.

    Претседателите разговараа за европската перспектива на Западниот Балкан, предизвиците со коишто се соочува секоја од земјите на интегративниот пат, како и за можностите за нивно надминување.

    Посочувајќи дека Црна Гора е земја-предводник во преговарачкиот процес со ЕУ, Милатовиќ изрази силна поддршка за секој направен исчекор во македонските интеграции.

    Денешното заедничко учество на Балканскиот форум за интеграција 2025, за него е препознавање на европскиот интерес за регионот и одлична можност за споделување на искуствата.

    Како поборничка на регионалниот пристап во евроинтеграциите преку меѓусебна соработка и поддршка, претседателката ја потенцираше важноста од градење добрососедски односи со отворен и искрен дијалог, со избегнување на ветото. 

    Сиљановска-Давкова укажа дека сѐ додека од нас се бара исполнување на дополнителни услови, надвор од Копенхагенските критериуми, ќе постои опасност од непочитување на основните вредности и принципи на ЕУ, без коишто таа се сведува на политичка и бирократска машинерија.

    На средбата, Сиљановска-Давкова упати покана за возвратна официјална посета на Милатовиќ на земјава, што тој со задоволство ја прифати.

    Двајцата претседатели во Цетиње го посетија Музејот на Крал Никола.

    Прочитај повеќе

    Пренџов: Кандидатот на ДУИ за Брвеница е само обид на Ахмети да се врати на политичката сцена

    21.10.2026 во 19:30

    Грција дава поддршка за македонските евроинтеграции, Шасивари се сретна со амбасадорот Малукос

    21.10.2026 во 15:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.