Силјановска Давкова нема да се сретне со Радев во Рим
Новата претседателка на државата, Гордана Силјановска Давкова нема да се сретне со нејзиниот бугарски колега Румен Радев во Рим.
По средбата со папата Франциско во Ватикан таа соопшти дека сепак нема да дојде до средба со Радев иако претходно имаше најави дека до такво нешто може да дојде.
-Изразивме и јас изразив и претседателот Румен Радев спремност за средба. Нема да дојде до таа средба. Обете делегации имаме агенда, меѓутоа, рековме дека час поскоро во првиот можен момент ќе ја реализираме. Тоа можам да кажам засега. Само што излегов од кај Папата, тукушто дознав дека сепак нема да дојде до средбата. Но, останува спремноста и останува да се видиме, рече Силјановска Давкова.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа