„Kрстот ќе си дојде за кој е пишан“ - Мартин Гоџоски по втор пат го фати крстот во Охрид
Мартин Гоџо денеска беше најсреќен и меѓу неколкуте стотини верници успеа да го извади Чесниот крст што во осветените води на Охридското Езеро го положи поглаварот на МПЦ, Архиепископот г.г. Стефан.
Ова е вторпат Гоџоски да го фати крстот, тоа со божја помош му појде од рака и во 2022 година.
- Оваа година повторно ми се посреќи прв да стигнам до Светиот крст. Ова е огромна чест за мене, за мојата фамилија, за мојата тајфа. Водата беше студена, исто како и другите години, крстот ќе си дојде за кој е пишан...Здравје, среќа и бериќет, мене на мојата тајфа, на мојата фамилија, рече Гоџо.
Него Архипископот Стефан го даруваше со библија и златно ланче со крст, додека од градоначалникот Кирил Пецаков доби икона со Свети Јован Крстител и крст изработен во филигран.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа