Повредено 14-годишно момче со остар предмет - по само три часа малолетниот напаѓач се самопријавил во полиција
Вчера во 20.40 часот во СВР Скопје, Р.К. пријавил дека на подрачјето на Чаир, неговиот 14-годишен син со остар предмет бил физички нападнат од друг малолетник (15) од Скопје, кој му нанел повреда.
Истиот ден, во 23.30 часот во Полициската станица Чаир, во придружба на родител, малолетникот-напаѓач се самопријавил за стореното дело и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
19.01.2025 - 15:37
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа