Close Menu
Press24
    Најново

    Сиљановска-Давкова на COP31: Нето-емисиите на стакленички гасови да се намалат за 80% до 2035 година

    11.11.2026 во 17:26

    Петкоска до Агенцијата за разузнавање: Како се следат безбедносните ризици и каква е координацијата со НАТО партнерите

    11.11.2026 во 17:12

    Јаревски: Алта банка не е ТАТ ниту Еуростандард, Народната банка реагираше навремено

    11.11.2026 во 16:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сиљановска-Давкова на COP31: Нето-емисиите на стакленички гасови да се намалат за 80% до 2035 година
    • Петкоска до Агенцијата за разузнавање: Како се следат безбедносните ризици и каква е координацијата со НАТО партнерите
    • Јаревски: Алта банка не е ТАТ ниту Еуростандард, Народната банка реагираше навремено
    • Утре повеќе од 7 часа ќе нема струја – Најавени исклучувања на повеќе места
    • Над 80 км/ч ќе дува ветер во Македонија, а од сабота доаѓа голема промена на времето
    • Димитриеска-Кочоска: Нема ризик за финансиската стабилност од состојбите во Алта банка
    • Тренчевска до Митреска: Како не ви беше сомнителен растот од 13 пати на Алта банка
    • Вучиќ: Целосно ќе ги игнорирам претседателските избори
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова на COP31: Нето-емисиите на стакленички гасови да се намалат за 80% до 2035 година

    Сиљановска-Давкова на COP31: Нето-емисиите на стакленички гасови да се намалат за 80% до 2035 година

    11.11.2026 во 17:262 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија, каде што ги потврди македонските заложби за климатска акција и ја нагласи потребата од праведна транзиција кон чиста енергија.

    Таа укажа дека со третиот Национално утврден придонес (NDC 3.0), државата се обврзува да ги намали нето емисиите на стакленички гасови за најмалку 80% до 2035 година, со цел постигнување климатска неутралност до 2050 година.

    Амбициите се преточуваат во политики преку претстојниот Закон за климатска акција, ажурираниот Национален план за енергетика и клима и Патоказот за праведна транзиција, усогласени со Реформската агенда на ЕУ и Националната развојна стратегија 2024–2044.

    За Сиљановска-Давкова енергетската транзиција мора да биде праведна и прифатлива, без дополнително оптоварување на семејствата погодени од енергетската сиромаштија и загадувањето, со посебно внимание кон жените, децата и младите.

    Претседателката посочи дека за остварување на климатските цели неопходно е предвидливо меѓународно финансирање, достапен капитал, технологија, градење капацитети и силни партнерства.

    Според неа, за климатските амбиции да станат остварливи, солидарноста треба да се потврди преку конкретни инвестиции кои ќе им овозможат на државите подготвеност за дејствување.

    „Да си заминеме од Анталија откако амбицијата ќе ја претворивме во имплементација, а солидарноста во вистинска инвестиција. Нашите деца заслужуваат безбеден, здрав свет и шанса не само да преживеат, туку и да напредуваат“, порача претседателката на лидерскиот самит.

    Прочитај повеќе

    Петкоска до Агенцијата за разузнавање: Како се следат безбедносните ризици и каква е координацијата со НАТО партнерите

    11.11.2026 во 17:12

    Јаревски: Алта банка не е ТАТ ниту Еуростандард, Народната банка реагираше навремено

    11.11.2026 во 16:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.