Силен земјотрес со магнитуда од 4,5 степени според Рихтеровата скала ја вознемири Грција синоќа, само три минути пред полноќ. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот бил лоциран во областа на Пелопонез, поточно северно од градот Триполи.
Потресот бил почувствуван на пошироко подрачје, а длабочината од 28,6 километри придонела за специфичното ширење на сеизмичките бранови низ овој дел од земјата. Иако земјотресот предизвика паника меѓу локалното население, првичните информации се смирувачки.
„Во моментов нема извештаи за материјална штета или повредени. Надлежните служби остануваат на терен и будно ја следат ситуацијата“, соопштуваат грчките власти.

