Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 07:01 часот на островот Крит во Грција, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Според извештајот на EMSC, земјотресот е регистриран 58 километри јужно од градот Ретимно со епицентар на длабочина од 33 километри.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени.

Leave A Reply

Exit mobile version