Close Menu
Press24
    Најново

    Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта

    28.10.2026 во 22:29

    Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата

    28.10.2026 во 22:17

    Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат

    28.10.2026 во 22:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација
    • Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
    • 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Силен земјотрес кај Филипините

    Силен земјотрес кај Филипините

    30.09.2025 во 19:181 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Силен земјотрес со јачина од 6,9 степени денеска е регистриран во морето кај централниот дел на Филипинските Острови, соопшти Американскиот геолошки завод (USGS), кој ја намали почетната проценка на јачината што првично беше 7,0.

    Филипинскиот сеизмолошки завод предупреди на можно „помало покачување на нивото на морето“ и ги повика жителите на централните острови Лејте, Себу и Билиран да останат подалеку од крајбрежјето.

    Епицентарот на земјотресот бил на 11 километри источно-југоисточно од Калапе, општина во покраината Бохол со околу 33.000 жители.

    Пацифичкиот центар за предупредување соопшти дека „нема опасност од цунами“.

    Филипините често се соочуваат со сеизмичка активност бидејќи се наоѓаат на пацифичкиот вулкански „Огнен прстен“. Поголемиот дел од потресите се премногу слаби за да бидат почувствувани, но повремено има силни и разорни земјотреси.

    Земјотресите со јачина од 6,0 до 6,9 степени се сметаат за силни. Тие можат да предизвикаат оштетувања и на добро изградени објекти, при што конструкциите отпорни на земјотреси обично трпат мали до умерени оштетувања, додека послабите градби имаат умерени до тешки оштетувања. Земјотресите од оваа јачина можат да се почувствуваат и на стотици километри од епицентарот, а годишно во светот се случуваат меѓу 100 и 150 вакви потреси.

    Прочитај повеќе

    Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата

    28.10.2026 во 22:17

    Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми

    28.10.2026 во 21:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.