Шефот на украинската дипломатија Андриј Сибиха денеска изјави дека од почетокот на војната руските сили уништиле повеќе од 500 локомотиви.

– Ги повикуваме нашите партнери итно да ни помогнат да пронајдеме локомотиви компатибилни со ширината од 1.520 мм, како и со финансирање за да се забрза купувањето нови, објави Сибиха на платформата Икс.

Тој додаде дека половина од погодените локомотиви биле уништени годинава.

Русија во изминатиот период ги интензивираше нападите врз украинската железничката инфраструктура.

Exit mobile version