Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во своето гостување во „Ноќно студио“ информираше и за реализацијата на проектот за ставање во функција на мостот на улицата „Љубљанска“.
Како што посочи градоначалникот, проектот претставува значаен инфраструктурен зафат со кој ќе се воспостави нова сообраќајна врска меѓу улицата „Љубљанска“ и улицата „Скупи“.
Со реализацијата на проектот ќе се подобри поврзаноста на Карпош со северниот и западниот дел од Скопје, ќе се олесни пристапот кон Бардовци и Злокуќани и ќе се придонесе кон растоварување на постојните сообраќајни правци.
„Овој проект предолго беше во застој. Нашата цел е да го активираме и да го ставиме во функција, бидејќи мостот на ‘Љубљанска’ ќе значи нова и подобра сообраќајна поврзаност за граѓаните на Скопје“, истакна Ѓорѓиевски.
Со реализацијата на „Љубљанска“, Скопје добива уште една важна алка во својата сообраќајна мрежа, со која ќе се овозможи побрзо и пофункционално движење меѓу повеќе делови од градот.
- УНХЦР: Поради обновениот конфликт во Јемен повеќе од 100.000 луѓе се внатрешно раселени
- Протест во Париз: Илјадници француски полицајци на улица бараат повисоки бонуси за ризик и подобри услови за работа
- Утре сончево со температури до 29 степени
- Социјалната кохезија и инклузијата во фокусот на соработката меѓу ОН и Министерството за односи меѓу заедниците
- Мерц го повика Иран да не го проширува конфликтот во Ирак и да ја прекине блокадата на Ормуска Теснина
- Љубљaнска – нова сообраќајна врска со Скупи
- Голем успех на Македон: Примен во престижната програма на „Џонс Хопкинс“ во САД
- 32-годишен скопјанец исчезнал во Охрид – се трага во вода и на копно


