Шведската полиција уапси четворица под сомнение за тероризам
Шведската полиција уапси тројца мажи и 15-годишен тинејџер под сомнение за тероризам, соопштија денеска локалните власти.
Вкупно пет лица од градовите Ескилстуна, Штрангнас и Линкопинг биле уапсени, но полицијата подоцна ослободи еден од нив, јави шведската телевизија СВТ.
Мажите, на возраст од 24, 25 и 29 години, наводно биле поврзани со терористичката мрежа Исламска држава (ИД) и се осомничени за планирање терористички дела, изјавија официјални претставници. Сепак, тие рекоа дека нема непосредна опасност од напад.
Полицијата го сомничи 15-годишното момче дека извршил неколку прекршоци и вели дека тинејџерот бил познат по често агресивно однесување.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа