Швајнштајгер беше малер за Италија, а сега испрати порака и до Португалија (ФОТО)

 

Поранешниот германски репрезентативец Бастијан Швајнштајгер реши да ја предупреди Португалија пред финалето од баражот за пласман на Мундијалот, откако Македонија синоќа ја елиминираше Италија со 1-0.

Македонија ја изненади Италија во Палермо со голот на Александар Трајковски во 92. минута, па така го разочара и Швајнштајгер кој пред мечот испрати поддршка и кажа дека навива за „аѕурите“.

„Очигледно вчера не им донесов многу среќа, се извинувам Италија. Македонија минатата година ја совлада и Германија, тоа е тежок противник. Португалија мора да биде внимателна“, напиша Швајнштајгер.

25.03.2022 - 17:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега