Close Menu
    Најново

    Поради сообраќајна незгода во прекин сообраќајот на патот Кочани – Штип

    30.12.2025 во 22:17

    На 35 години почина внуката на Џон Кенеди

    30.12.2025 во 22:03

    Шефот на украинската војска за Западот: Ние повеќе никого не молиме, сега тие доаѓаат кај нас

    30.12.2025 во 21:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Поради сообраќајна незгода во прекин сообраќајот на патот Кочани – Штип
    • На 35 години почина внуката на Џон Кенеди
    • Шефот на украинската војска за Западот: Ние повеќе никого не молиме, сега тие доаѓаат кај нас
    • Тажна вест: Почина познат скопјанец – познат по својата хуманост и добрина
    • Калајџиев: Си играте играчки – ѕидот на срамот е импровизација
    • Бран на грип ги полни болниците во Скопје – децата се најзагрозени
    • Хороскопски знаци кои чувствуваат најголем притисок пред крајот на годината
    • Зеленски: Водиме разговори со Трамп за можни американски трупи во Украина
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Штипската џиновска пастрмајлија оваа година ќе биде рекордно голема, со 17 килограми месо

    Штипската џиновска пастрмајлија оваа година ќе биде рекордно голема, со 17 килограми месо

    18.09.2025 во 14:43
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Џиновската пастрмајлија оваа година ќе биде рекордно голема. Николче Малинов кој традиционално ја пригoтвува џиновската пастрамајлија вели дека за првпат ќе се употреби 17 килограми свинско месо, најмногу до сега споредбено со годините наназад. Посочува дека ќе биде направена по стар штипски рецепт и со сечење на истата на шеталиштето „Ванчо Прќе“ ќе се означи стартот на овогодинешното издание на манифестацијата штипска „Пастрмалијада“.

    -За оваа година подготвивме околу 17 килограми свинско свежо месо, значи рекорд. Лани беше околу 15 до 16 килограми, оваа година се 17 килограми месо. Ќе има околу 25 до 30 килограми тесто и два до три литри зејтин, изјави Малинов.

    Дополнително подготвени се и машините и работната рака, со цел џиновската пастрамајлија освен рекордно најголема досега да биде и највкусна.

    -Ние бидејќи имаме доволно опрема, ќе ни бидат потребни околу два часа, со печењето околу два ипол часа. Ќе имаме четири до пет луѓе, кои се опремени со знаење да помогнат, толку луѓе ќе ни бидат потребни за да ја однесеме пастрмајлијата до бината, рече Малинов. Манифестацијата „Пастрмалијада“ почнува од  на шеталиштето „Ванчо Прќе“, каде е предвидена целодневна музичка програма и настап на локални музичари од Штип. Дополнително на десет поставен штандови ќе се продава од штипскиот специјалитет пастрмајлија – кој ќе биде достапен за посетителите, по цена од 220 денари.

    Featured
    Популарно

    Обвинителството ја затвори познатата скопска кафеана

    30.12.2025 во 11:25

    Важно соопштение за пензионерите: Познато кога ќе им бидат пуштени пензиите

    30.12.2025 во 10:50

    Денеска подгответе се за снег – од утре голем пресврт

    30.12.2025 во 09:08

    Сопругата и синот на Мицкоски на гости во Влада

    29.12.2025 во 18:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.