47-годишен штипјанец е лишен од слобода откако, по вербална расправија, физички нападнал 40-годишен сограѓанин со метален предмет, при што му нанел тешки телесни повреди.
Според информациите од МВР, инцидентот се случил вчера во Штип, а напаѓачот бил спречен од трето лице во продолжувањето на нападот.
„На 09.10.2026 во 19:00 часот во Штип, полициски службеници од ОВР Штип го лишија од слобода Д.В. (47) од Штип. Според пријавеното, истиот по вербална расправија, физички го нападнал Т.К. (40) од Штип, употребувајќи метален предмет, а во продолжувањето на дејствието бил спречен од трето лице, по што Т.К. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип“, информираат од МВР.
За настанот е известен јавен обвинител, а по целосното документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.


