Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Е.Т. поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување исправа“.
Пријавениот во својство на советник-даночен извршител во општина Делчево, на 21.12.2021, во врска со барање поднесено од лице од делчевско село, не излегол на лице место за да ја утврди фактичката состојба согласно закон, формирал непостоечка-лажна комисија и изготвил лажен записник за излегување на лице место, а со цел незаконски и противправно да овозможи на друго лице од Делчево да изврши оттуѓување на градежно земјиште во државна сопственост за оформување на градежна парцела предвидена со урбанистички план или урбанистичка планска документација.
Изготвениот невистинит записник, Е.Т. го употребил во понатамошната постапка во врска со поднесеното барање од лицето, кое согласно решението издадено од општина Делчево, уплатило вкупен износ од 450.712 денари на Буџетот на општина Делчево. На тој начин, предизвикал материјална штета на лицето за износ од уплатената сума, како и дополнителни трошоци за водење на постапката.
Актуелно
- Милица Тодоровиќ повторно проговори: Детето е старо 3 дена, поминувам низ пекол
- Белата куќа експресно го повлече видето во кое Трамп ги споредуваше Барак и Мишел Обама со мајмуни
- Дрон падна врз воена база во Полска
- Ковачки по назначувањето за генерален секретар: Продолжуваме обединети во нови победи за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија
- Николоски по изборот во ИК: Овој тим ќе ги донесе победите на следните избори
- Тошковски со честитка до новиот тим на ВМРО-ДПМНЕ: Заедно ќе одговориме на предизвиците
- Комплетирана групата за нападот кај Чолиќ: Уапсен и третиот осомничен за бомбашкиот напад
- Фрлена граната во салон за убавина: Шестмина повредени во напад во Гренобл

