СДСМ преку прес-конференција побара од Јавното обвинителство итно да отвори истрага и да ја обезбеди целосната документација во врска со трошењето на 5,5 милиони евра за прославата на незавиноста. Од партијата обвинуваат дека Владата ги крие договорите, анексите и фактурите.

Според СДСМ, потребно е да се утврди дали постои одлука на Собранието на Државната лотарија за организирање и финансирање на настанот, како и под кои услови се донесувале одлуките.

„Обвинителството мора да утврди колку чинел настапот на Дејвид Гета, кога бил договорен, кој го договорил и кога бил исплатен“, велат од СДСМ, нагласувајќи дека јавноста мора да добие одговори и за приходите од продадените билети.

Од опозициската партија бараат институциите, вклучително и Државната комисија за спречување на корупцијата и Државниот завод за ревизија, веднаш да постапат по случајот.

Exit mobile version