Вчера во 16:30 часот, на улицата „Панче Попоски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода С.Г. (51) од Гостивар.

Претходно, С.А. (41) од Тетово пријавил дека околу десет дена претходно му го отстапил своето возило „фолксваген голф“ на Е.А. од Гостивар, со договор да го користи неколку дена. Според пријавеното, Е.А. потоа престанал да одговара на повиците и не го вратил возилото.

Автомобилот подоцна бил пронајден кај С.Г., кој, според МВР, изјавил дека го купил од Е.А. и дека му дал дел од договорените пари, но меѓу нив немало склучено купопродажен договор.

Возилото било одземено и вратено на сопственикот. По целосното документирање на случајот, против лицето ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР.

Exit mobile version