Во населбата Ченто изминатите денови се реализираат активности за изградба на нови пешачки и пристапни патеки, соопшти градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.
Според најавите, по завршувањето на слични зафати во Автокоманда, градежните активности продолжуваат и во другите населени места низ општината, со цел обезбедување побезбедни и пофункционални услови за движење на сите жители.
„Нашата цел е секој жител да има уреден, безбеден и пристапен простор за движење – од најмладите до највозрасните. Уредувањето на јавниот простор е важен дел од создавањето подобри услови за живот. Затоа работиме насекаде низ општината, чекор по чекор, маало по маало“, истакна Стефковски.
Од општинската администрација најавуваат дека локациите кои со години биле неуредени ќе продолжат да се претвораат во функционални површини за граѓаните, со акцент на развој на инфраструктурата низ сите населби.


