Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже кога дознал за наводниот скандал од 37 милиони евра
    • Студено утро во Македонија, температури под нула – Попладне нагло ќе пораснат
    • Вевчани инвестира во инфраструктурата: Реконструкција на улици, бесплатно Wi-Fi и нова комунална опрема
    • Се празнува Света Текла: Обичаи и верувања поврзани со денешниот празник
    • Драма во Скопје: Запалиле контејнер, пожарот се проширил на паркинг
    • СОС Детско село одбележа 25 години, Карпош доби признание за својот придонес
    • Малолетник преживеал хорор на Бит Пазар
    • Граната најдена во двор во Битола
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Штерјова: Му ја откривме шемата на Мицкоски за струјата – еве го неговиот енергетскиот октопод

    Штерјова: Му ја откривме шемата на Мицкоски за струјата – еве го неговиот енергетскиот октопод

    20.09.2026 во 12:142 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Ја разоткривме целата бизнис мрежа на Христијан Мицкоски во енергетиката и објавивме колку овој енергетски ‘октопод’ на Мицкоски има длабоки и широки пипци. Од институции како Регулатрна, РЕК, Развојна банка па се до оф шор структури на Кипар. Поминаа 6 месеци, Јавното обвинителство молчи. Не презема ништо, изјави на Прес конференција на СДСМ, Кети Штерјова.

    Се молчи и за Душан Адамовиќ, функционер на СНС и почесен конзул кој го постави Мицкоски, за офшор структурите на Кипар кои водат се до ‘Rudnap Group’ на Војин Лазаревиќ, и се вмрежува директно со Владата преку министерката Сања Божиновска.

    Ама затоа бизнисите течат. И тоа на големо.

    Објавуваме нова бизнис зделка, вредна 13.2 милини евра.

    Компанијата METER&CONTROL од Србија е избрана за носител на договорот на ЕВН Македонија за набавка на броила за струја.

    Договорот е склучен на 11 август 2026 година, со објавена вредност околу 13,2 милиони евра.

    А METER&CONTROL е поврзана нормално со Rudnap Group.

    Основана во 2008 година, а Rudnap Group се појавува во нејзината сопственичка историја.

    Кој е клучниот линк до Руднап?

    Сања Божиновска, минстерката на Мицкоски за енергетика.

    Божиновска во периодот 2011–2014 била извршен директор во компаниите на Rudnap Group во Централна и Источна Европа.

    Божиновска се поврзува и со „Руднап ДООЕЛ“ Скопје, каде што била управител.

    „Руднап“ е исто така партнер со „Ал Дахра“, компанија која се поврзува со проектот „Белград на вода“ кој се најавува и во Македонија.

    „Руднап“ е линкот и со СНС во Србија и со ВМРО во Македонија и клучен дел од енергетската бизнис мрежа на Мицкоски.

    Затоа и се создаде ново министерство и токму Божиновска Мицкоски ја постави на чело на Министерството за енергетика.

    Затоа што сè е бизнис за Мицкоски.

    Ама омилен му е бизнисот во енергетиката и бизнисот со струја, додаде Штерјова.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже кога дознал за наводниот скандал од 37 милиони евра

    07.10.2026 во 09:27

    Вевчани инвестира во инфраструктурата: Реконструкција на улици, бесплатно Wi-Fi и нова комунална опрема

    07.10.2026 во 09:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.