Close Menu
Press24
    Најново

    Сиљановска-Давкова по средбата со Руте: Најголема гаранција за мирот и безбедноста на Западен Балкан е негова итна и целосна интеграција во ЕУ

    03.03.2026 во 15:39

    Случај „Онкологија“: Клисаровска откри страшни пропусти – лекарите не биле консултирани за лекови, терапија се препишувала „на своја рака“

    03.03.2026 во 15:33

    Руте: НАТО ќе го одбрани секој дел од територијата на земјите-членки

    03.03.2026 во 15:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сиљановска-Давкова по средбата со Руте: Најголема гаранција за мирот и безбедноста на Западен Балкан е негова итна и целосна интеграција во ЕУ
    • Случај „Онкологија“: Клисаровска откри страшни пропусти – лекарите не биле консултирани за лекови, терапија се препишувала „на своја рака“
    • Руте: НАТО ќе го одбрани секој дел од територијата на земјите-членки
    • Димитриеска-Кочоска: Будно ја следиме состојбата на Блискиот Исток
    • Се врши втора ексхумација во Куманово – убиецот оди на психијатриско вештачење
    • Хаос во касарната во Петровец: Припадник на Армијата фатен со марихуана во ранецот
    • Жени се испотепале во Драчево
    • Инцидент во скопско училиште: Тешко повреден ученик
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Штајнмајер: Европа мора посамоуверено да настапува како економска сила

    Штајнмајер: Европа мора посамоуверено да настапува како економска сила

    27.11.2025 во 21:051 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер денеска ја повика Европа да настапува со поголема самодоверба како економска сила, нагласувајќи ја важноста од побрзи и поефикасни процеси на донесување одлуки во рамките на ЕУ.

    Штајнмајер, кој заедно со шпанскиот крал Фелипе Шести го отвори германско-шпанскиот економски форум во Мадрид, потсети дека „Европа е пазар со повеќе од 450 милиони луѓе“ и дека токму тоа ѝ дава значајно присуство и влијание на глобално ниво.

    „Имаме силно присуство и влијание, и можеме да го искористиме ова влијание“, изјави германскиот претседател, наведувајќи дека појасните и побрзи одлуки би ѝ помогнале на Европа да го засили тој капацитет.

    Тој предупреди дека Европа мора „цврсто да стои“ и активно да одговори на надворешните притисоци, како што се руската војна во Украина и предизвиците што доаѓаат од американската политика, која, како што рече, понекогаш ги доведува во прашање основните вредности.

    За време на вчерашното обраќање пред двата дома на шпанскиот парламент, Штајнмајер повика на европски реформи: „Потребни ни се реформи за да станеме побрзи и поодлучни“.

    Германскиот претседател денеска одржа и средба со шпанскиот премиер Педро Санчез.

    Популарно

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Списокот е мал: Еве во кои земји е најбезбедно да се живее во случај на трета светска војна

    03.03.2026 во 10:10

    Масовна тепачка пред угостителски објект во Карпош: Приведени седум лица

    01.03.2026 во 13:35

    Војната на Блискиот Исток ескалира: Нападната американската амбасада во Ријад, Трамп порача – „Имаме неограничено оружје за победа“

    03.03.2026 во 09:40

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.