Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Сите потврдија дека сме земја со најголем раст во регионот

    28.10.2026 во 14:02

    Нов инцидент на „Камени кукли“: Полицијата повторно ја приведе Стојна поради наплата на билети

    28.10.2026 во 14:00

    Липково: Полицајци го затекнале како купува дрога, по што го стартувал „бмв“-то, па од прозорец нападнал полициски службеник

    28.10.2026 во 13:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Сите потврдија дека сме земја со најголем раст во регионот
    • Нов инцидент на „Камени кукли“: Полицијата повторно ја приведе Стојна поради наплата на билети
    • Липково: Полицајци го затекнале како купува дрога, по што го стартувал „бмв“-то, па од прозорец нападнал полициски службеник
    • Мицкоски: Веднаш му се јавив на носителот на листата на студентите и му честитав – ние сме први соседи
    • Кривична пријава за син и мајка од радовишко: Примиле речиси 580 илјади евра од Германија и затаиле данок
    • Приведено уште едно лице за убиствата во Ѓорче Петров – Полицијата го објави идентитетот на осомничените
    • Мигранти од Алжир краделе пари од кафуле во Аеродром
    • Крива Паланка: 35-годишна жена тепала полицаец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Шпанско искуство за македонската екологија: Министерот Хоџа и амбасадорот Ортиз договорија засилена соработка

    Шпанско искуство за македонската екологија: Министерот Хоџа и амбасадорот Ортиз договорија засилена соработка

    27.01.2026 во 15:541 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денес оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Шпанија во Република Северна Македонија, Рафаело Сориано Ортиз.

    На средбата беа разменети мислења за унапредување на билатералната соработка во областа на животната средина, при што беше истакната континуираната поддршка од Шпанската Влада за активности насочени кон заштита на природните вредности и унапредување на еколошките политики.

    Министерот Хоџа ја нагласи и континуираната поддршка од Кралството Шпанија за европските интеграции на Република Северна Македонија, посочувајќи дека ова претставува значаен поттик за унапредување на реформските процеси и усогласување со европските стандарди, особено во областа на животната средина.

    Посебен акцент беше ставен на значењето на шпанското искуство и добрите практики во креирањето и спроведувањето на еколошки политики, кои претставуваат корисна основа за натамошно унапредување на националните политики и зајакнување на институционалните капацитети.

    Соговорниците ја потврдија заедничката заложба за продолжување на соработката и интензивирање на размената на искуства, со цел примена на одржливи решенија и исполнување на меѓународните обврски на државата во областа на животната средина.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Сите потврдија дека сме земја со најголем раст во регионот

    28.10.2026 во 14:02

    Нов инцидент на „Камени кукли“: Полицијата повторно ја приведе Стојна поради наплата на билети

    28.10.2026 во 14:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.