Шпанија го враќа полицискиот час по експлозијата на нови случаи со Ковид
По изненадната експлозија на нов случаи на Ковид-19 разни шпански региони постапно се затвораат па повторно нема да работат дискотеките во затворено, се ограничува работното време на дуќаните како и бројот на купувачи, а се воведува и полициски час, јавува хрватски Индекс.
Каталонија е епицентарот на петтиот бран на пандемијата и ќе бара од регионалниот суд зелено светло за воведување полициски час во најпогодените градови меѓу кои е и Барселона, пренесуваат каталонските медиуми.
Другите региони се подготвуваат за слични мерки. Валенсија повторно воведе полициски час од 1 часот по полноќ до 6 наутро.
И владата на Канарските строви сакаше да донесе слични мерки, но беше спречена од локалниот суд.
Стапката на заразени во земјата во 14 дена е близу 437 случаи на 100.000 жители, соопшти шпанското Министерство за здравство. Меѓу младите на возраст од 20 до 29 години стапката е 1.421 на 100.000 жители.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа