Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ШК Алкалоид ја освои 28. титула – 14 во низа

    ШК Алкалоид ја освои 28. титула – 14 во низа

    29.08.2026 во 20:252 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Шаховскиот клуб Алкалоид ја освои 28. титула државен првак на Македонија во екипна конкуренција, продолжувајќи ја доминацијата со 14-та шампионска титула по ред.

    Во последното коло Алкалоид убедливо го совлада ШК Гостивар со 5,5:0,5 и првенството го заврши со максимални 18 бода од девет кола. Со тоа клубот стигна до 28 титули во 34 настапи по осамостојувањето на државата.

    Најголемиот товар во текот на првенството го понесоа ИМ Емил Ристески, ИМ Филип Панчевски, ИМ Тони Лазов и ИМ Дејан Стојановски, заедно со велемајсторите Звонко Станојоски, Трајко Недев и Драгољуб Јаќимовиќ. На првите две табли настапуваа и засилувањата од Србија, велемајсторите Александар Инѓиќ и Велимир Ивиќ.

    Најуспешен поединец во тимот беше Тони Лазов со 7,5 бода од осум партии, пред Дејан Стојановски со 6,5 од седум и Емил Ристески со 5,5 од шест партии.

    „ШК Алкалоид доминира во екипниот шах во Македонија. Задоволен сум од прикажаното, сите го дадоа максимумот и во ниту еден меч не дозволивме да бидеме надиграни“, изјави капитенот Драгољуб Јаќимовиќ.

    ШК Мулти Есенс го заврши првенството на четвртото место, иако во последното коло го победи ШК Прилеп со 5,5:0,5.

    Алкалоид сезонава стигна и до двојна круна, бидејќи претходно шампионската титула ја освои и женскиот тим на клубот. Следниот голем настап ќе биде на Европскиот клупски куп во Црна Гора во средината на октомври.

    Прочитај повеќе

    Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија

    19.09.2026 во 14:07

    Ристовски: Почнува целосна реконструкција на фудбалскиот терен на ФК Башкими во Куманово

    16.09.2026 во 18:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.